Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 април 2013
Општинската изборна комисија за Лозово ги соопшти официјалните но не и конечни резултати за вториот круг од локалните избори за градоначалник. Победи кандидатот Орце Цветковски на коалицијата ,,За подобра Македонија,, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 991 глас или 54,33 отсто од гласовите. Кандидатот Ацо Велковски на опозициониот ,,Сојуз за иднината,, од редовите на СДСМ освои 796 гласа или 43,64 отсто.
Во вториот круг излегле 1,824 гласачи што е висок одѕив од 85,27 отсто а во гласачките кутии имаше 37 неважечко ливче. Така во сите соседни општини, како и во Велес, на овие локални избори победија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно во Градско градоначалник стана Жанета Чаушевска а во Чашка Горанчо Пановски.
Tweet |